Спортската сала „Боро Чурлевски“ – Битола е подготвена за Балканското првенство во џудо за деца до 14 години.
Битола ќе биде домаќин на најдобрите млади џудисти од Балканот на 06–07 јуни 2026
Натпреварувачи до 14 години од повеќе балкански земји ќе ги покажат своите вештини, спортски дух и борбеност на ова престижно првенство.
Ова е програмата:
Сабота, 06.06.2026
09:00 – Прелиминарни борби
16:00 – Свечено отворање
16:15 – Финален блок
Недела, 07.06.2026
09:00 – Прелиминарни борби и финален блок
Покана до сите љубители на спортот да бидат дел од овој голем џудо спектакл и да ги подржат младите шампиони.





