Во спортската сала „Билјанини извори“ на 20 јуни (сабота) ќе се одржи шестото издание на Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен 2026“, во организација на Македонската традиционална таеквондо федерација и таеквондо клуботот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец.

Пријавени се околу 220 натпреварувачи од 8 земји, а бројката се очекува да биде поголема.

Покрај учесниците, само од Бугарија има најава за присуство на повеќе од 230 посетители, родители и придружници на натпреварувачите.

Учесниците ќе се натпреваруваат во две дисциплини – форми и борби.

Почетокот на натпреварите е во 09:00 часот, а официјалното свечено отворање е во 13:00 часот. Влезот за сите посетители ќе биде слободен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде