Започна шестиот традиционален меѓународен боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“, кој се одржува на Градскиот плоштад во Куманово.
На дводневната спортска манифестација, во организација на Боксерски клуб „Куманово“ и Општинскиот сојуз на спортови Куманово – ОССК, учествуваат 120 спортисти кои со своите настапи донесоа возбудливи и квалитетни боксерски мечеви уште на првиот натпреварувачки ден.

Турнирот продолжува денеска со финалните борби, кога ќе бидат познати победниците во сите категории.
Настанот се одржува под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, Министерството за спорт и Боксерската федерација на Македонија







