Куманово за првпат е домаќин на меѓународен турнир во карате, во организација на Карате клуб „Башкими 2002”, предводен од тренерот Мурсел Мисини.

На денешниот натпревар во Спортската сала, пред љубителите на спортот, настапија учесници во повеќе категории од Македонија, Албанија, Србија, Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Турција, каратисти кои постигнале врвни резултати на европско и светско ниво.

На најуспешните каратисти им беа доделени медали, трофеи и пофалници, а на покровителите им беа врачени плакети, во знак на благодарност и несебичната поддршка

Турнирот се реализира со поддршка на Општина Куманово, Карате федерацијата на Македонија и општествено одговорни компании, кои се залагаат за афирмацијата и развој на спортот во градот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде