Македонија го освои третото место во генералниот пласман на 38. ЕТКФ. Вкупниот биланс се :

20 медали – 4 златни, 6 сребрени и 10 бронзени за Македонската репрезентација во традиционално карате.

Најуспешен македонски натпреварувач беше Матеј Мангаровски, кој во јуниорска конкуренција освои 3 златни, 2 сребрени и 1 бронзен медал.

Одличен настап имаше и Матеј Јарчевски, кој освои 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени медали во младинска и сениорска конкуренција.

Камелија Недев освои 2 сребрени и 2 бронзени медали во јуниорска и сениорска конкуренција, Лука Билбилов се закити со 1 сребрен медал, Софија Јарчевска освои 3 бронзени медали, а Јана Милевска освои 2 бронзени медали во кати, поединечно и екипно, во сениорска конкуренција.

Во генералниот пласман, Италија го освои првото место, Полска е втора, а Македонија се пласира на третото место.

На Европскиот шампионат настапија 265 натпреварувачи од 12 земји.

Честитки од тимот на Борец.мк до сите учесници.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде