На Балканското првенство за сениори/ки кое се одржува во Тирана, Албанија го добивме првиот златен медал. Македонија има балкански шампион во Џудо 🥋
Ива Богдановска го освои златниот медал во категорија до 63 килограми.

Нашите репрезентативци ги предводи селекторот на сениорската репрезентација Горан Мицковски.
Тимот на Борец.мк и честита на Ива за постигнатиот успех. Очекуваме уште медали од ова Балканско првенство.
Македонија, земја на шампиони.






