Од Светското јуниорско првенство во кик бокс кое се одржа во Лидо Ди Јесоло- Италија, Македонсите јуниорски репрезентативци се враќаат со три златни и два бронзени медали.

Во силна конкуренција од 2900 натпреварувачи, од 76 земји нашите кик боксери покажаа вистинска храброст на терен. Достоинствено ја претставија својата земја под водство на првиот човек на Кик бокс федерацијата Дејан Митровски и тимот од тренери кои беа заедно со нив.

Златен медал:

Глигор Николов- лоу-кик(до 67 кг). Во големото финале убедливо го совлада Хасан Алајаров од Азербејџан со 3-0.

Калин Бабоски- лоу-кик (до 63 кг). Во финалето славеше со доминантна победа против Матви Кујавец од Украина

Томи Андонов-К1 (над 81 кг). Во финалната борба извојува победа против Алекса Алексов од Србија.

Бронзен медал:

Драгица Глигорова

Петар Лозановски

Ова е успех за цела Македонија, за овие прекрасни млади и посветени борци зад кои се години исполнети со многу напорна работа, тренинзи и огромна посветеност за да успеат во она што најдобро го умеат. Резултатот е огромен, пет медали и три светски титули за младите кик боксери.

Честитки од тимот на Борец.мк за врвните борби на светската сцена до целото раководство на федерацијата и секако до сите борци кои беа дел од овој спектакл и докажаа дека Македонија има огромно срце.

Им посакуваме многу успех, Македонија земја на шампиони!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде