Нашата гордост, олимпискиот таеквондист Дејан Ѓоргиевски освои бронзен медал на Европското клупско првенство во Босна и Херцеговина.
Како носител на ждрепката, во првото коло беше слободен.

Во четвртфиналето славеше со 2:0 против Иса Саиди од Австрија 🇦🇹 и обезбеди место меѓу најдобрите четворица.
Во полуфиналето беше поразен со 0:2 од Сеиф Иса од Египет 🇪🇬, но сепак стигна до вреден бронзен медал.
Нови бодови за олимписката ранг-листа и уште едно големо признание за македонското таеквондо.

Тимот на Борец.мк му честита на Дејан Ѓеоргиевски за бронзениот медал на Европското клупско првенство и на Стефан Костовски кој беше заедно со него во оваа победа.
Му посакуваме успех, и уште многу победи за Македонија.






