СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид е домаќин на 6. меѓународен турнир во традиционално таеквондо „Охрид опен 2026“ кој ќе се одржи на 20 јуни.
Организатор на настанот е Таеквондо клубот „Хва Ранг ИТФ“ Лескоец-Охрид со поддршка на Македонска Традиционална Таеквондо Федерација.
Турнирот е од меѓународен карактер и се очекува учество на натпреварувачи од Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Грција, Бугарија, Хрватска, Италија, Англија и Романија.






