Јубилејното 55. издание на меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ ја потврдува својата значајна позиција на спортската мапа, носејќи врвни борби, квалитетни натпреварувачи и меѓународна конкуренција.

Овој турнир претставува симбол на боксерската традиција во Македонија. Турнирот низ годините прерасна во препознатлива спортска манифестација која ги поврзува генерациите боксери, тренери, спортски работници и љубители на благородната вештина.

Меѓу најзвучните имиња годинава се издвојуваа украинските боксери Јуриј Захарјејев, Данило Жасан и Џамал Кулијев, чие присуство дополнително го подигна нивото на конкуренцијата. Иако резултатите не се секогаш посакувани, ваквите турнири се значајни за развојот на домашните боксери, нивното искуство и понатамошното напредување.

На турнирот настапуваат 89 боксери и боксерки од 20 земји. Македонските претставници имаа неколку настапи, но не успеаја да обезбедат место во финалето. Највпечатлив момент беше нокаутот на Хрватот Марко Пртљачиќ, кој го совлада Германецот Никита Росин уште во првата рунда.

Резултати 13-14 ноември:

Марија Костовска(Македонија) – Ирина Луцак (Украина) 0:5

Алим Насуфи (Македонија) – Александар Трофимчук (Литванија) 2:3.

Јоаким Јовановски (Македонија) – Леотрим Бериша (Косово) 2:3.

Јуриј Захарјејев (Украина) – Илија Лисчук (Словенија) 5:0.

Џамал Кулијев (Украина) – Илија Синијак (Белорусија) 5:0.

Данило Жасан (Украина) – Шинаси Алиев (Австрија) 5:0, ТКО во прва рунда.

Александар Трофимчук (Литванија) – Елиот Халилај (Германија) 5:0, ТКО во прва рунда

Марко Пртљачиќ (Хрватска) – Никита Росин (Германија) 5:0, нокаут во прва рунда

Хамза Рашљанин (Србија) – Хегедуш Шомбор (Унгарија) 5:0, ТКО во втора рунда

Јуриј Захарјејев (Украина) – Хамза Рашљанин (Србија) победа на Захарјејев со нокаут во втора рунда

Џамал Кулијев (Украина) – Валериу Расмерита (Молдавија) победа на Кулијев со ТКО во втора рунда

Данило Жасан (Украина) – Андреј Заплитнаи (Молдавија) победа на Жасан со нокаут во втора рунда

Јелмир Набиев (Украина) – Латин Иванов (Бугарија) победа на Набиев со ТКО во прва рунда

Башким Бајоку (Косово) – Милош Станишиќ (Србија) победа на Бајоку со 5:0.

Спортската сала Расадник е местото каде се среќаваат талентот, храброста и желбата за победа! Во рингот-силни борби и ферплеј, а надвор од него- пријателство и почит меѓу делегациите.

Раритет на овој настан беше присуството на Аце Русевски еден од најголемите и најуспешните македонски боксери на сите времиња. Во својата богата аматерска кариера, Русевски има забележано 249 борби и претрпено само 12 порази, што ја потврдува неговата апсолутна доминација на рингот во тој период. Боксуваше како контраш (southpaw) и важеше за исклучително технички поткован и брз боксер.

Денешниот финален ден со големи очекувања во рингот. Меѓу најзвучните учесници е Украинецот Јуриј Захарјејев, сениорски светски шампион од Белград 2021. Завршните мечеви денес ќе ги одредат победниците по категории и добитникот на традиционалниот трофеј.

Влезот е слободен за сите љубители на боксот во салата Расадник, свечениот дел започнува во 17 часот.

Во продолжение дел од атмосферата од отворањето на настанот низ објективот на Борец.мк

Фотографиите се авторско дело на Тимот на Борец.мк!

Остануваме на терен во салата Расадник во Скопје, наскоро нови детали за денешниот финален ден.

Македонија, земја на шампиони!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде