Одличен старт на новиот олимписки циклус за Мила Релиќ, која освои бронзен медал на Европскиот Президент Г-3 Куп во Нирнберг, Германија.

По пет одлични борби, Мила уште еднаш покажа дека припаѓа на самиот европски врв во својата категорија.

На патот до медалот забележа и значајна победа над олимпијката Чаима Тоуми, додека во полуфиналето беше запрена од актуелната олимписка шампионка Вивијана Мартон од Унгарија.

Со почетокот на новиот олимписки циклус на 1 јуни 2026 година, освоениот медал носи и важни поени за олимписката ранг-листа, што претставува значаен чекор кон остварување на олимписките цели.

Македонскиот олимписки комитет продолжува да ги поддржува своите стипендисти на патот кон најголемите спортски достигнувања.

Тимот на Борец.мк и честита на Релиќ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде