Пара-џудистот Блаже Зафиров достоинствено и со гордост ги бранеше боите на Македонија на престижниот светски турнир IBSA Judo Grand Prix 2026 во Александрија, Египет! Немаше препрека за храбриот Блаже, кој посветено работи на своето усовршување во спортот.
Во исклучително силна конкуренција од 13 врвни натпреварувачи од 11 држави:Бразил, Венецуела, Индонезија, Шведска, Хрватска, Узбекистан, Велика Британија, Мароко, Македонија, Египет и неутрални претставници — Блаже застана рамо до рамо со светската елита.

Oстанатите репрезентации пристигнаа со екипи од 10, 15, 20, а 🇧🇷 Бразил и со повеќе од 20 натпреварувачи и цела логистика од тренери, доктори и физиотерапевти, Македонија ја претставуваа само Блаже и неговиот тренер од Грац-Австрија.
На татамите беа и големи имиња во пара-џудото: параолимпискиот шампион Артур Кавалканте да Силва од Бразил, актуелниот светски и европски првак и параолимписки вицешампион Даниел Пауел од Велика Британија, Оскар Видегрен од Шведска и Павел Селиванов.
Во првото коло, ждрепката го спои Блаже со силниот претставник на Мароко, Билал С. Блаже храбро се бореше, но загуби во овој тежок дуел. Колку бил силен противникот говори фактот што веднаш потоа Билал беше на чекор од сензација против актуелниот светски првак и параолимписки вицешампион Даниел Пауел — борба која ја загуби само на шидоа.

Семејството упатува огромна благодарност до Министерството за спорт и особено до министерот Борко Ристовски, кои овозможија Блаже Зафиров и неговиот тренер Норберт Биндер да отпатуваат и да бидат дел од овој голем меѓународен настан.
Големо срце, инает, дисциплина и безусловна љубов кон татковината се одлики на Блаже, кој е син на легендарниот бодибилдер Тоше Зафиров, човек кој безрезервно ја сака својата единствена татковина Македонија!!!

Следната мисија е јасна: собирање поени, учество на големи меѓународни турнири и бркање норма за Параолимписките игри. Со поголема поддршка од македонските институции и Македонскиот параолимписки комитет, веруваме дека еден ден, со Божја помош, ќе ѝ донесеме на Македонија и параолимписки медал! Напред Блаже — Македонија е горда на тебе!
Екипата на Борец.мк му честита на Блаже за успехот, храброста и желбата за успех!
Ние сме секогаш на страна, на врвните спортисти!
Македонија, земја на шампиони!, еден од нив и Блаже Зафиров






