Од вкупно 10 ММА борби на OCTAGON Summer series Greece, Stavros 2026- Нинџуцу клубот „Битола„ има 8 победи🥇 и 2 порази🥈 и една победа во Граплинг 🥇 и трофеј за НАЈДОБАР ТИМ.
Филип Божиновски во Граплинг (Super fight) го совлада Андреас Димитриадис со завршница на КИМУРА 🏆
Иван Апостоловски во ММА прва победа против Гианаис Безанидис со судиска одлука 🏆
Мартин Петровски прва победа во ММА со гушење RNC против Христос Безанидис🏆
Јован Којдовски победа против Дрилон Короли од Косово на судиска одлука 🏆
Јован Којдовски исто така имаше и втора борба во една вечер со противник од Грција и уште една доминантна победа со ГУШЕЊЕ RNC за Јован 🏆

Игор Додевски победа на судиска одлука против Тед Шабани од Албанија 🏆
Дарио Талевски во своето деби одличен против Антео Чука од Албанија на кого му го нанесе и првиот пораз со завршница АРМБАР 🏆
Филип Трифуновски со својата втора победа во ММА со школска демонстрација на доминација во борење и партер против Димитрис Клисиарис 🏆
Кристијан Станојковски остана без борба бидејќи противникот ја откажа борбата на самиот ден на такмичењето

MAIN EVENT како што и се бараше во одлична спарка на двајца супер квалитетни борци помеѓу нашиот шампион Кирил Стефановски кој во супер квалитетна борба го доби домашниот борец Танос Караманолис на судиска одлука 2-1 во рунди каде прва рунда со тотална доминација на бокс 🥊 и борење на жица и GNP на партер покажа квалитет, втората рунда поради борење и контрола припадна за Танос за да трета рунда Кирил Стефановски повторно издоминира во борење на кафез и тука ја добие својата борба 🏆

Прв пораз за нашиот искусен борец Трајче Мицевски кој пред оваа борба имаше 10-0 аматерски скор и 1-0 професионална за да сега изгуби за прв пат на судска одлука од доста добар млад борец Кристофорос Анастазио кој заслужено ја доби оваа борба.
Прв пораз и за Валентин Илиевски кој пред себе имаше најмалку 10 кг потежок противник и тоа беше клучен фактор и добра лекција дека во ММА наоѓање на вистинската тежинска категорија и спуштање килажа е премногу битен момент во самиот спорт.

Севкупно 9 победи за Нинџуцу клуб „Битола“ и најдобар тим на ОКТАГОН СТАВРОС 2026 🏆и 2 порази 🥈 што е добар показател за нивната работа и љубов кон боречките вештини и спортови.
Честитки од тимот на Борец.мк






