Македонската кадетска таеквондо репрезентација успешно ги заврши подготовките во Крушево во пресрет на Европското кадетско првенство кое ќе се одржи во Букурешт, Романија.

Истите се реализираа под водство на селекторот Борче Костовски и помошник-селекторот Викторија Спасовска, кои заедно со нашите млади репрезентативци интензивно работеа на постигнување максимална подготвеност за претстојниот европски предизвик.

Македонската кадетска таеквондо репрезентација настапува со петмина натпреварувачи на Европското кадетско првенство кое започнува утре. Првенството се одржува од 26 до 28 ноември 2026 година во салата Sala Polivalenta.

Распоред по категории

  • Четврток (26 ноември): Кадети (-33, -37, -41, -45, -49 и -53 кг)
  • Петок (27 ноември): Кадетки (-29, -33, -37, -41, -44, -47 и -51 кг)
  • Сабота (28 ноември): Кадетки (-55, -59 и +59 кг) и кадети (-57, -61, -65 и +65 кг)

Боите на Македонија на Европското кадетско првенство во Букурешт ќе ги бранат- Давид Петковски, Дамјан Ѓуровски, Филип Симоновски, Ведрана Тунески и Мартина Наумовска.

Тимот на Борец.мк им посакува успех и многу медали за Македонија! Да покажеме уште еднаш дека можеме да бидеме најдобри во Европа!

Македонија, земја на шампиони!!!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде