33 натпреварувачи од Македонија од 11 клубови членки на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија настапија во 36 категории на Вараждин куп 2026. Во силна конкуренција, нашите кикбоксери освоија вкупно 15 медали – 2 златни, 5 сребрени и 8 бронзени.
Резултати:
Златни медали:
Силвио Мировски (Гладијатор, Скопје) во категоријата до 71 кг и Калин Бабоски (Адора, Скопје) до 63,5 кг.
Сребрени:
Максим Митровски и Халдун Ахмед (Шампион, Скопје), Давид Атанасовски (Гладијатор, Скопје), Петар Лозановски (Енерџи Битола) и Христијан Ѓоргиевски (Предатор Куманово)
Бронзени медали:
Иван Кукуновски, Димитар Атанасовски, Мите Крстев, Леа Бошевска, Марио Пецевски, Андреа Георгиевска, Леонид Наумов и Глигор Николов.
Во рамки на настанот се одржа и турнирот за почетници, каде настапија 390 натпреварувачи од 26 држави.
Македонија учествуваше со пет натпреварувачи од четири клуба и освои вкупно четири медали – едно злато, едно сребро и две бронзи.
Златен медал:
Стефан Чаѓановиќ (Адора, Скопје)
Сребрен медал:
Ибрахим Амеди (Шампион Скопје)
Бронзени медали:
Александар Илиев (К1 Арена, Струмица) и Михаил Велковски (Прокик Фемили, Скопје).






