На 30 мај, Радовиш ќе биде центар на борењето.

Врвни борачи, репрезентативци и нови таленти од повеќе држави ќе се натпреваруваат во духот на боречката традиција, спортот и шампионската борба.

Македонскиот бисер повторно ги обединува најдобрите на едно место. Ова се земјите учеснички кои се веќе потврдени на меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“:

Македонија, Бугарија, Србија, Грција, Косово, Романија, Црна Гора, Израел и Молдавија.

Јубилејното издание ќе обедини врвни домашни и меѓународни натпреварувачи во повеќе категории и дисциплини, со квалитетна и динамична спортска програма во текот на целиот ден. Турнирот е во организација на Боречката федерација на Македонија, Општина Радовиш и Боречкиот клуб Бучим од Радовиш.

Турнирот ќе понуди натпревари на високо ниво, со учество на искусни борачи, млади таленти и репрезентативци.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде