Нов меѓународен успех за Боречкиот клуб „Скопје“.
Боречкиот клуб „Скопје“ постигна уште еден голем успех на меѓународната сцена, освојувајќи вкупно 6 медали на престижниот турнир на Професионалната боречка лига (PWL) во Истанбул.
Клубот го претставуваа од 8 натпреварувачи, од кои 6 се качија на победничкиот подиум.
🥈 Заим Заими – Второ место во категоријата до 46 кг; со тоа обезбеди и учество на елитниот PWL турнир што ќе се одржи во Москва во текот на декември.
🥈 Нафи Мурати – Второ место во категоријата до 24 кг; со тоа обезбеди и учество на елитниот PWL турнир што ќе се одржи во Москва во текот на декември.
🥉 Башким Сулејмани – Трето место во категоријата до 35 кг.
🥉 Бамир Сејфулау – Трето место во категоријата до 35 кг.
🥉 Давуд Бајрами – Трето место во категоријата до 32 кг.
🥉 Јусуф Заими – Трето место во категоријата до 29 кг.
Јетиш Салија и Бурак Садику имаа добри настапи, но не стигнаа до медал.
Овој резултат е уште една потврда за напорната работа, дисциплината и посветеноста на спортистите и стручниот штаб на Боречкиот клуб „Скопје“.
Честитки од тимот на Борец.мк






