Македонија е домаќин на Европското првенство во борење за младинци кое ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ од 6-12 јули 2026.

Ова е нов предизвик за боречката федерација која очекува да се претстави во одлично светло и да покаже дека е одличен домаќин на овој значаен спортски настан.

Ова беше еден од сегментите за кои се зборуваше на редовното годишното собрание кое се одржа во Штип.

На него присуствуваа 17 македонски боречки клубови. Претседателот Дејан Богданов ја презентираше програмата и активностите на боречката федерација кои беа едногласно усвоени.

На собранието, акцент беше ставен на постигнатите резултати, а најистакнати беа успесите на Лука Ананиев и Абдул Азиз Азизи.

Беа примени и два нови клуба Лирија Чаир 1977 и Илинден Стас.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде