Радовиш изминатиот викенд беше домаќин на јубилејното 50. издание на Меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“, кој обедини повеќе од 70 натпреварувачи од 10 држави и уште еднаш потврди дека припаѓа меѓу најреномираните боречки турнири во регионот.
Победници на боречкиот турнир Македонски Бисер:
Македонскиот борач Омер Мемеди (92 кг) го освои трофејот „Македонски бисер“ на јубилејниот 50-турнир што се одржа во Радовиш.
Признанието за најдобар домашен борец му припадна на репрезентативецот Расул Шапиев за неговиот извонреден настап во категоријата до 74 кг. Со епитетот најдобар странски борец се закити репрезентативецот на Молдавија, Раду Лефтер, (до 125 кг).
Добитници по категории:
До 57кг:
1-во место: Јон Булгари – Молдавија,
2-ро место: Младен Ефтимов – Македонија
До 61 кг:
1-во место-злато: Ивајло Тисов – Бугарија,
2-ро место – сребро: Ник Дојчинов – Бугарија,
3-то место-бронза:
Габриеле Кондев – Бугарија,
Мехмет Усеинов-Македонија
До 65кг:
1-во место: Леомид Колесниц – Молдавија,
2-ро место: Вајле Марку – Молдавија,
3-то место:
Авдили Ендрио – Албанија,
Маран Сандру – Романија
До 70кг:
1-во место: Максим Скултан – Романија,
2-ро место: Мухамед Ферухи – Македонија,
3-то место:
Стефан Коман – Романија,
Бенџамин Бојте – Романија
До 74кг:
1-во место: Василие Диакон – Молдавија,
2-ро место: Фатих Вејсели – Македонија,
3-то место:
Калојан Атанасов – Бугарија,
Калојан Стојанов – Бугарија
До 79кг:
1-во место: Расул Шепие – Македонија,
2-ро место: Мариус Ретко – Молдавија,
3-то место:
Габриел Ојог – Молдавија,
Ѓорѓи Робу – Молдавија
До 86кг:
1-во место: Кристиан Биро – Романија,
2-ро место: Лилиан Балан – Молдавија,
3-то место: Ибрахим Сула – Албанија,
До 92кг:
1-во место: Омер Мемеди – Македонија,
2-ро место: Адам Модусајан – Македонија,
3-то место: Трајан Капатина – Молдавија,
До 97 кг:
1-во место: Андријан Гросу – Молдавија,
2-ро место: Адријан Валканов – Бугарија,
3-то место:
Сали Салиев – Бугарија,
Реџеп Хајдари – Македонија
До 125 кг:
1-во место: Раду Лефтер – Романија,
2-ро место: Сарем Омар – Романија,
3-то место: Илија Атанасов – Македонија
Радовиш уште еднаш покажа дека е град на шампионите, а „Македонски бисер“ останува гордост на македонското борење и препознатлив спортски бренд во регионот.






