На Балканскиот шампионат 2026, таеквондо клуб „Штип “ уште еднаш потврди дека е расадник на таленти и шампиони.

Душица Бреслиева се пласираше во финалето и се бореше за златен медал.

Никола Митев со сигурни и одлични настапи обезбеди место во финалето.

Антонио Арсовски исто така избори финале и можност да се бори за највисокото место на пиедесталот.

Андреа Илиевска освои бронзен медал и донесе уште еден голем успех за клубот.

Крајни резултати за нашите супер таленти кои уште еднаш покажаа дека припаѓаат на самиот врв на балканското таеквондо:

🥈 Душица Бреслиева

🥈 Никола Митев

🥈 Антонио Арсовски

Се закитија со сребрени медали на Балканскиот шампионат 2026.

Особено драматично беше финалето на Душица Бреслиева, која по извонредна борба беше на чекор до златото, но победата и избега во последните секунди од мечот.

Сепак, нејзината борбеност, срце и шампионски карактер се доказ дека вистинските шампиони не се мерат само по медалот, туку по начинот на кој се борат до самиот крај.

Никола Митев и Антонио Арсовски исто така прикажаа врвни настапи, покажувајќи техника, дисциплина и непоколеблива желба за успех, достојно претставувајќи ги клубот, градот Штип и Македонија.

Бронзениот медал на Андреа Илиевска е уште една потврда за квалитетот и континуираната работа во Таеквондо клуб „Штип“

Честитки од Борец.мк за сите натпреварувачи, тренери и родители за вложениот труд, посветеност и поддршка.

Македонија останува горда земја.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде