Нашиот кадет во категорија -55 кг, Ведрана Тунески освои бронзен медал на меѓународниот натпревар во таеквондо за кадети и јуниори, „Swiss open E2“ во Швајцарија.
Четвртфинале победа над Уна Стојковиќ од Швајцарија 2:0
Полуфинале пораз од Ракеле Бодрато од Италија 0:2

Турнирот, кој е организиран од „Swiss Taekwondo“ и одобрен од Европската таеквондо унија (ETU), и им овозможува на младите натпреварувачи да се борат за важни бодови на ранг-листата на ETU.

Ведрана важи за исклучително талентирана македонска репрезентативка во олимписко таеквондо. Таа е дел од ТКД „Бутел“ од Скопје и е една од најголемите нови спортски надежи во Македонија со успеси на меѓународната сцена во кадетска конкуренција.
Честитки за Ведрана од тимот на Борец.мк
Македонија, земја на шампиони!






