На Мегународен Карате Турнир „КУМАНОВО ОПЕН“ 2026 на кој учествуваа над 400 натпреварувачи од 48 клубови од Македонија, Црна Гора, Србија, Турција, Косово и Албанија карате Клубот „Партизан“ од Кочани настапи со 5 натпреварувачи сите во категоријата Кумите и освои вкупно 4 медали и тоа: 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени.
Златен медал освои Алексија Данева во категоријата Кумите 2015 година ( +44 кг)
Сребрен медал освои Алексиа Савева во категоријата Кумите 2013 година ( +55 кг)
Бронзен медал освоија браќата Дамјан Арсов во Категоријата Кумите 2013 година ( +55 кг) и Јован Арсов во категоријата Кумите Јуниори ( +76 кг).
На овој турнир настапи и Ангела Данилов која го освои петото место во Категоријата Кумите Кадетки ( -54 кг)
Ова беше и последен Турнир за оваа полусезона.







