Македонската кендо репрезентација беше дел од 34. ЕП во кендо кое се оддржа во Подгорица- Црна Гора.
Како што не информираа, иако не ги постигнаа резултатите на кои се надеваа сепак имаа неколку одлични индивидуални настапи и незаборавни борби.
Ова е големо искуство за нив, а тоа значи можност за учење и растење.

Од кендо федерацијата велат: „Ова беше собир на легенди во кендо и елитни борци и прекрасно беше да се видат и стари и нови пријатели и да се сподели секое заедничко искуство.
Честитки до нашите противници и до сите медалисти и победници за нивните извонредни настапи. Исто така, неверојатно сме горди на нашите волонтери, чија напорна работа и посветеност помогнаа ова првенство да биде успешно“

Ова се големи лекции и важно искуство за нашата кендо репрезентација.
Тимот на Борец.мк им посакува успех и нови предизвици во периодот кој следува.






