Кик бокс 🥊🏆 Радовиш и Адреналин Мау Таи клубот беа домаќини на еднодневен семинар Теса де Ком на кој учествуваа повеќе од 60. кик боксери од земјава.

Тие имаа можност да се запознаат со Теса де Ком, која е повеќекратна светска шампионка во кик бокс од Холандија. Тренираа и учеа од врвен шампион, стекнаа знаење и секако го искусија светскиот кик бокс тренинг.
Присутни беа веќе докажани кик бокс имиња од Македонија, и млади таленти заедно со нивните тренери.

А кога се учи од најдобрите предизвикот е уште поголем. Особено од светска шампионка со огромно искуство, кое овојпат несебично го пренесе во нашата Македонија.

Тимот на Борец.мк беше дел од овој семинар во Радовиш, се сретнавме со искусни борци кои ни ги пренесоа своите искуства.

Дел од нив беа и тренерите и натпреварувачите од КБК „Адора“ кои успешно го заокружија интензивниот еднодневен семинар во Радовиш, предводен од светската ѕвезда и ONE Championship борка, Теса де Ком.

Честитки до организаторот на семинарот, ова беше вистинско искуство за сите учесници. Македонија земја на шампиони, Радовиш град на врвниот спорт.






