Како резултат на претходно воспоставената успешна соработка помеѓу Боксерскиот сојуз на Србија и Националната Боксерска Федерација, која е формализирана со потпишаниот договор за реализација на проектот „Балкан Опен Куп“, и оваа година продолжува организацијата на едно од најзначајните регионални боксерски натпреварувања.
На 06.06.2026 година, во рамките на Меморијалниот боксерски турнир „Алексо Огненовски“ во Охрид ќе се одржи финалето на Балкан Опен Куп, на кое ќе настапат најуспешните боксери од регионалната лига.
Натпреварите ќе се одржат на една од најатрактивните локации во Македонија – Античкиот театар во Охрид, кој со својата уникатна атмосфера ќе биде домаќин на вистински спортски спектакл.
Организатор на настанот е БК „Алексо Огненовски“ – Охрид, со поддршка на Националната Боксерска Федерација.
Прва сесија: 14:00 часот
Втора сесија: 17:00 часот
Големиот спортски настан ќе ги обедини најдобрите боксери од регионот и ќе понуди врвни борби во амбиент достоен за финале на едно вакво натпреварување.






